Грасхоперс е незапирлив после корона паузата. Поточно Никола Ѓорѓев е незапирлив после долгата пауза поради пандемијата. Македонскиот репрезентативец игра во страшна форма и веќе на шест натпревари откако се рестартира швајцарскиот шампионат веќе даде пет гола. Вечерва влезе во второто полувреме и го погоди голот на Лозана Оши во победата на неговиот тим со 4:0.

Играчот за врска претходно им даде голови на Вил, Лозана и два на Арау. Грасхоперс е втор на табелата во Втората лига на Швајцарија со пет бода помалку од лидерот Лозана после 29 одиграни кола.