Аталанта реди само победи после коронакризата. Вечерва го совлада тимот на Сампдорија, со голови во финишот, поточно во 76. и во 85. минута. Толои и Муриел донесоа триумф на „сино-црните“ со што најголемото изненадување е на добар пат да обезбеди ново учество во ЛШ, иако и таму го очекува својот ривал во 1/4 финалето.

Во другите мечеви, Болоња по победата над Интер на „Џузепе Меаца“, беше шокирана од Сасуоло на домашен терен и поразена со 1:2.

Рома ја совлада Парма со 2:1 и тоа со пресврт, а пресврт имаше и на дуелот Торино – Бреша кој заврши 3:1.