Во директниот дуел за што подобар пласман на табелата и места кои водат во Европа, тимот на Виљареал успеа на гости да добие клучни бодови во дуелот со Гетафе. Конечните 1:3 се дело на Казорла и на Пена, додека пак единствениот гол за домашните го постигна Дуро.

Со ова Виљареал го освои 57. бод сезонава, а Гетафе остана на своите 53. кои и имаше досега. Виљареал е петти, Гетафе на место подолу.

Во другиот дуел од вечерната програма дуел кој ама баш ништо не одлучува Бетис беше подобар од Осасуна со 3:0.