Само неколку денови по мечот меѓу Џенова и Удинезе ќе гледаме нов македонски дуел во Серија А. На првиот Горан Пандев се соочи со Илија Несторовски, а тој меч заврши без победник 2:2 со тоа што „Гранде Пандев“ реализира еден од головите.

Сега македонскиот капитен и неговата Џенова имаат нов предизвик во походот кон опстанокот, а се нарекува Наполи. „Гранде Пандев“ ќе се соочи со „македонскиот дијамант“ Елиф Елмас, по втор пат.

CorSera: Napoli-Genoa lascia un senso di vuoto. Mortificanti gli ...

Првиот меч на „Сан Паоло“ во ноември минатата година заврши без победник 0:0. Тогаш Пандев беше стартер и играше до 80. минута, додека Елмас влезе во 66. минута во натпреварот на кој не се тресеа мрежите.

Пандев со осум погодоци е најдобар стрелец во редовите на Џенова, а Елмас има еден погодок, oној против Сампдорија во гости во февруари оваа година.

Според најавите од Италија Пандев би можел да почне од клупата против својот поранешен клуб, додека Гатузо се двоуми дали од првата минута да почне со Елмас или Лоботка. Јасно е само дека кај тимот од „Сан Паоло“ ќе ги нема Деме и Кулибали поради суспензии, како и Малкут и Оспина поради повреди. Џенова пријави дека нема да смета на дефанзивците Кристијан Ромеро поради мускулна повреда и Кришито поради суспензија. Во екипата се враќа Ласе Шене кого го немаше против Удинезе.

Napoli Threaten Eljif Elmas With Legal Action After Giving ...

Кога станува збор за меѓусебните средби, во претходните 41 меча – осум победи има Џенова, Наполи се радувал на 18 и 15 завршиле нерешено. Од осумте победи дури пет Џенова ги забележала на својот стадион, но последниот триуфм е од јануари 2012 година!

Токму тој триумф е последниот на Џенова над Наполи воопшто. Од тогаш па до сега се одиграни 15 меча со девет победи на Наполи и шест нерешени.