Македонската женска ракометна репрезентација ги доби противниците за првата фаза од  квалификациите за место на Светското првенство 2021 година. Нашите дами се најдоа во група 2 заедно со Исланд, Литванија и Грција.

Претквалификациите ќе се играат турнирски од 27 до 29 ноември и од 4 до 6 декември. Прво и второпласираните обезбедуваат место во баражот, кој ќе се игра на принципот дома – гости во април следната година.

Мундијалот во Шпанија е закажан од 1 до 19 декември 2021 година, воедно ова е прво СП во женската конкуренција на кое учество ќе земат 32 екипи.

ГРУПА 1: Словачка, Украина, Израел, Луксембург
ГРУПА 2: Македонија, Исланд, Литванија, Грција
ГРУПА 3: Португалија, Финска
ГРУПА 4: Австрија, Турција, Италија, Косово
ГРУПА 5: Белорусија, Швајцарија, Ф. Острови