Фудбалер на третолигашот Росоман е позитивен на Ковид-19, дознава „Спортмедиа“. Меѓутоа баражот за потполнување на втората лига против Слога Виница не е под знак прашалник, и истиот ќе се одигра, бидејќи другите играчи имаат негативни резултати.

Единствено изолиран е самиот играч кај кого тестот покажал позитивен резултат.

Баражот Росоман – Слога Виница се игра во Штип во среда. Кој ќе победи, обезбедува пласман во Втората лига исток.