Спортмедиа најави а Тиквеш предмалку потврди. Благоја Љамчевски следната сезона ќе ја мине во Кавадарци и ќе биде екстра засилување за екипата која планира да биде најсериозен кандидат за влез во првата лига.

Љамчевски е само еден од редот сериозни засилувања за Тиквеш летово што само ја потврдува констатацијата дека во Кавадарци се цврсто решени дека доволно време се со статус на второлигаши и наскоро истиот ќе се промени.