Како што и се најавуваше, Брегалница утре во Пехчево ќе ги стартува летните подготовки за наредната сезона во Втората лига – исток. Собирот е закажан за во 11 часот во хотелот “Гогов“ каде ќе биде базата на штипските “сини“ во наредните десетина денови, а првиот тренинг ќе биде одработен на стадионот на Кит Го во Пехчево.

Да, утре и дефинитивно почнуваме, ќе го одработиме и првиот тренинг во Пехчево, со што и официјално ќе ги започнеме летните подготовки. Плановите се во Пехчево да останеме најмалку десетина денови, ќе се работи максимално посветено. Знаеме што не чека во сезоната што е пред нас која почнува на 22 август. Инаку досега закажавме и четири пријателски натпревари. На 18 јули во Пехчево ќе ги одмериме силите со Кит Го, потоа на 22 овој месец ривал ќе ни биде Беласица. На 1 август во Штип ни доаѓа на гости Шкендија, за да на 9 август гостуваме во Гостивар. Допрва ќе видиме кој ќе ни биде спаринг партнер во генералката“ изјави за СПОРТМЕДИА Добринко Илиевски, шефот на стручниот штаб на Брегалница.