Мечот помеѓу Виљареал и Гетафе синоќа заврши со триумф на Виљареал од 1:3, но истиот имаше продолжение по 90. минута.

Играчите на двата тима направиле инцидент, во кој имаше се по нешто, па дури и интервенција на полицијата.

Главна улога имаше голманот на Виљареал, Марјано Барбоса, кој од зад грб го удрил домашниот играч Нјомо, по што настанал општ хаос.

Искучени се токму Нјомо, потоа Алан Ромеро, Ибора, Даниел Суарез… Секако Ла Лога веднаш реагираше и објави дека ќе следи жестока истрага и уште пожестоки казни за виновниците.