Еспањол после 27 години ќе игра во Втората шпанска лига. „Сино-белите“ од Барселона после синоќешниот пораз од Барселона со 1:0 и математички испадна во понизок ранг. Ден подоцна претседателот на Еспањол Чен Јаншенг им се извини на  навивачите за овој срам и им порача дека вината за неуспехот да ја бараат кај него.

Еспањол имаше хаотична сезона, дел од играчите заминаа, на пример тренерот Руби отиде во Бетис и со себе го однесе Борха Инглесиас, а дефанзивецот Марио Хермосо замина во Атлетико Мадрид. Во јануари клубот се засили со неколку играчи, вклучувајќи го и напаѓачот Раул де Томас од Бенфика, но тоа не донесе опстанок.

Со тимот работеа четири тренери сезонава – Давид Гаљего, Пабло Мачин, Абелардо и сега спортскиот директор Руфете го води тимот до крајот на сезоната.

Драги навивачи на Еспањол, јас сум најголемиот виновник за лошите спортски резултати на екипата. Сакам да ви се извинам на сите кои се грижеа и кој го бодреа клубот сезонава.

Меѓутоа нема време за тагување. Се случи тоа што се случи, време е да ги засукаме ракавите и да продолжиме да работиме и да го развиваме клубот. Добро ќе ги поставиме работите во текот на летото, ќе работиме напорно да го вратиме клубот во елитата каде што и треба да биде. Вие му давате енергија на овој клуб да продолжи. Оваа 2019/20 сезона поставивме голема задача пред себе но не успеавме. Тоа е болно, но не ја изгубивме надежта.

Важно е што сме финансиски стабилни, имаме модерен стадион, убави услови за работа и фантастични фанови. Верувам дека бргу ќе се стабилизираме и ќе се вратиме посилни и подобри“, изјави Чен.