Големо признаение за Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен и најдобриот голгетер во Бундеслигата за штотуку завршената сезона, во која “баварците“ ја освоија 30-тата титула шампион на Германија.

Здружението на професионални фудбалери го одбраа токму Левандовски за најдобар играч во 2019/2020 сезона во Бундеслигата. За него гласаа 40,2% од фудбалерите, а втор е Џејдон Санчо од Дортмунд со 13,9%, додека трет е Џошуа Кимих, исто од Баерн со 7,2% од гласовите.

Кај тренерите немаше дилеми, најмногу гласови доби Ханси Флик.

Што се однесува до тимот на сезоната, тој изгледа вака: Нојер, Хумелс, Алаба, Хакими, Дејвис, Кимих, Санчо, Хаверц, Левандовски, Халанд и Вернер.