Со победата против Брајтон од 3-1 во рамките на 34. коло во Премиер-лигата, Ливерпул дојде до уште еден голем подвиг во сезоната за памтење

Откако „црвените“ на седум кола до крајот ја осигураа првата титула по 30 години, постанаа првиот клуб кој најбрзо дошол до 30-та победа во шампионатот. Ливерпул до ова успеа да дојде по 34 одиграни натпревари, на кои освен 30. победи има две ремија и исто толку порази.

Во 132 години прволигашки фудбал во Англија, до вакво остварување на успеа да дојде ниту еден тим.