Реми со четири гола во Верона. Верона и Интер одиграа 2:2 во интересен меч полн со погодоци и поделба на бодови.

Вечерва Верона поведе со прекрасниот гол на Лазовиќ. Српскиот напаѓач со финта го измами Шкринијар и го совлада Хандановиќ. Во 49 минута по шутот на Лукаку топката се одби од стативата и стигна до Кандрева кој ја испрати во голот. Во 55 минута Кандрева се најде во добра позиција шутна, топката го удри притивничкиот дефанзивец Ди Марко и заврши во голот. Во финишот на мечот Мигуел Велосо ја погоди мрежата на гостите и спречи нивна радост.

Тимот од градот на Ромео и Јулија е со најдолга серија без победа над Интер. Нема триумф над „нероаѕурите“ од 1992 година или 18 натпревари (четири ремија и 14 порази), а исто толку натпревари без победа има уште само против Фиорентина.