Тотенхем не успеа да го победи Борнмут во 34. коло на англиската Премиер лига (0:0) и направи чекор назад во трката по место во европските купови. А како да го победи кога имаше очаен настап, посебно во нападот каде не шутна ниту еднаш кон голот на противникот кој, патем, е на 19 место на табелата.

Поточно „спарси“ можеа да бидат оладени во 90 минута кога Кинг постигна гол, но судијата го поништи со помош на ВАР поради играње со рака. Во првото полувреме судијата не покажа пенал кога Кејн беше соборен во противничкиот шеснаесетник што наиде на негодување кај Мурињо и неговите фудбалери.

Еве една статистика за крај. Од 2016/17 Тотенхем само на два меча немал шутнато на голот на противникот. Тоа било против Челзи и вечерва против Борнмут.