Мајорка на свој терен забележа победа над Леванте со 2:0 и освои важни бодови во трката за опстанок. Домашниот тим поведе голот на Кучо во 40 минута, а ја потврди победата со голот на Кубо во 89 минута. Со оваа победа Мајорка стигна до 32 бода, односно има три помалку од Алавес кој е првиот во сигурната зона (меч помалку) односно четири од Селта веднаш над него.

Александар Трајковски остана на клупата кај Мајорка, додека Енис Барди го одигра целиот меч во редовите на гостите.

До крајот на шампионатот има уште три кола. Во недела Мајорка и гостува на Севиља, потоа ќе игра дома со Гранада (16 јули) и во последното коло во гости со Осасуна (19 јули).

Standings provided by SofaScore LiveScore