Екипата на Удинезе фати ритам во последните неколку недели, а веќе трет меч не знае за пораз. После победата над Рома, па ремито со Џенова, вечерва „црно-белите“ славеа победа над последниот СПАЛ во гости со 3:0. Де Паул и Окака во првото полувреме донесоа предност на Удинезе од 2:0, а во 81 минута погоди Ласања. Несторовски на местото на Ласања во 82 минута колку да му се брои настапот. Немаше доволно време да запише гол.

Како и да е Удинезе ја оствари деветата победа сезонава, а СПАЛ е последен со 22 порази. До крајот има уште седум кола.