Астон Вила не успеа да откине бод(ови) против Манчестер Јунајтед вечерва на својот „Вила парк“. Гостите од „Олд Трафорд“ победија со 3:0. Првиот гол падна после сомнителен пенал. Бруно Фернандес се обиде да стигне до топката и го згазна противничкиот дефанзивец, а потоа и двајцата паднаа на тревата. Судијата покажа пенал, а Фернандес го реализира.

Во 45 минута одличен гол на младиот Мејсон Гринвуд. Тинејџерот распали од голема далечина за својот деветти првенствен гол сезонава, односно четврти на последните три меча. На почетокот на второто полувреме Пол Погба со шут од голема далечина го измами голманот на домашниот тим за убеделива победа од 3:0.

Јунајтед е на петото место и му се приближи на четвртиот Лестер на само бод. Астон Вила е претпоследна со четири бода помалку од сигурната зона.

До крајот останаа уште четири кола.