Езџиан Алиоски предмалку имаше обемно интервју за официјалниот сајт на неговиот тим Лидс, а во него се осврна на повеќе теми кои во моментов го засегаат.

Секако дека првенствено јавноста во Англија ја интересира што Џани мисли за моменталната ситуација на табелата и можноста на Лидс конечно да се врати во премиер лигата.
„Ние не сакаме само да се пласираме во премиер лига, ние сакаме да ја освоиме титулата во Чемпионшип. Тоа е нашата цел, да покажеме дека сме најдобриот тим во оваа конкуренција сезонава. Тоа на Лидс му е потребно“ – рече Алиоски и продолжи.

„Воопшто не е важно што се случувало минатата сезона, важно е што се случува во моментов. Работиме напорно, тренираме, уверен сум дека сме способни да ја освоиме лигата“ – вели Алиоски.

Нашиот репрезентативец потоа беше запрашан што во Македонија мислат за неговата кариера и можноста тој да заигра во премиер лигата.

„Јас сеуште не сум дел од таа лига, Лидс и јас сеуште мора да ја оствариме таа цел. Кога ќе се случи тоа тогаш ќе можам да кажам дека сум горд на тоа, а и јавноста во Македонија“ – вели Алиоски, а потоа рече дека премногу не се оптоварува што последните меч, два не е во првите единаесет и дека на тренерот е кого ќе стави во првиот тим.

Конечно, запрашан зошто аплаудираше на картонските фотографии кои се поставени на трибините на стадионот на Лидс со оглед дека се мечевите се играат без навивачи тој рече.
„Тоа е мој гест кон сите оние кои сакаат да се на трбините, а во моментов немаат можност за такво нешто. Овдека се чувствува љубовта на навивачите кон клубот, кон Лидс, јас тоа го чувствувам во себе“ –