Во рамките од седмото коло од плеј офот во романскиот шампионат, екипата на Ботошани за која од првата минута настапија Стефан Ашковски и Давид Бабунски одигра 0:0 во дуелот со Астра Плоешти.

НАшите интернационалци сезонава играат голема улога во тимот кој се обидува да излезе во Европа, а денешното реми беше чекор назад во тој поглед. Токму тимот на Астра е со бод повеќе и едно место повисоко рангирана од Ботошани.