Мохамед Ајаши Ајруди, пребогатиот туниско – француски бизнисмен, сака да вложи многу пари во Марсеј, и одново некогашниот европски првак да биде мега – клуб. Целта е да се детронизира ПСЖ.

Ова Ајруди го кажал во последното негово интервју за “Фигаро“…

Многу е амбициозен. Сака да го детронизира ПСЖ и на Марсеј да му ја донесе титулата во Лига 1, но и да ја освои Лигата на Шампионите. Голем фан е на Кристијано Роналдо, и сака да го донесе на “Велодром“ вели Мурад Будџелали, првиот сорабтник на Ајруди, кој би требало да биде претседател на Марсеј.

На прашањето дали Зидан би бил тренер, како што нагласил Ајруди во интервјуто во “Фигаро“, Будџелали само се насмевнал:

Ќе видиме иднината што ќе донесе“.

Инаку Ајруди во Тунис е сопственик на ракометниот клуб Хамамет, а негов е и малиот фудбалски клуб Стад Габесиен.