Екипата на Брегалница под водство на тренерот Добринко Илиевски денеска ги стартуваше подготовките во базата во Пехчево.

Штипјани очекуваат многу од следната сезона, конечен пласман во првата лига, нешто што е најавувано во секоја прилика, и затоа се сконцентрирани што подобро да го одработат периодот што следува.

Брегалница во Пехчево останува до 18. јули кога ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар летово против Кит Го. Веднаш по тест дуелот со пехчевци на 18. јули екипата се враќа во Штип.