По Милан, Интер, Јувентус, Арсенал… сега и Лестер се најде на списокот на клубови кои го посакуваат српскиот напаѓач и член на Реал Мадрид. Како што попладнево пишуваат островските медиуми, “лисиците“ понудиле 35 милиони евра за да го купат од Реал Мадрид. Сепак се чини дека таа сума е премала, ако се знае дека минатото лето “кралевите“ за Јовиќ дадоа околу 60 милиони, но тогаш немаше корона криза.

Се најавува дека интересот на Лестер за Јовиќ потекнува од тренерот на “лисиците“ Брендан Роџерс, кој сметал дека токму Србинот би бил идеален соиграч на Џејми Варди во нападот на неговиот тим.

Од друга страна од Англија доаѓаат и информации дека Арсенал давал повеќе пари за Јовиќ, а тоа значи дека Лестер тешко ќе успее ова лето да го ангажира Србинот.