Мечот од швајцарската втора лига помеѓу екипите на Вил и Грасхоперс  кој настапува Никола Ѓорѓев и кој требаше да се одигра вечерва е одложен поради појава на коронавирус во гостинската екипа.

За жал, позитивен на коронавирус е Амел Рустемоски момчето кое одигра неколку меча и за македонската младинска репрезентација пред неколку години.

Симптомите според швајцарски Блик ги добил пред неколку дена, автоматски заминал во изолација, но швајцарската федерација одлучи мечот да го одложи.