Новата сезона во Будеслигата би можела да стартува со присуство на публика на стадионите, најави генералниот секретар на фудбалската федерација на Германија, Фридрих Куртис.

Тој истакна надеж дека публиката ќе се врати на стадионите, можеби после натпреварот Германија – Шпанија од Лигата на Нации. Тој напомена дека тоа нема да биде со 100% од капацитетите на стадионите, односно ќе биде редуцирано поради пандемијата од коронавирусот.

Но, тоа би било само така на почетокот, а како времето одминува, доколу пандемијата сопре, тогаш ќе може да се потполнуваат и 100% од капацитетите на стадионите.