По Христијан Кировски и Трајче Стојкоски, Гостивар денеска ангажира уште едно прволигашко име, а тоа Петар Љамчевски, искусниот играч за врска. Битолчанецот секако дека ќе биде големо, големо засилување за второлигашот од Гостивар кој не крие дека во наредната сезона во западната конкуренција има само една цел, а тоа е битка за пласман во елитата.

За Петар Љамчевски не треба да се трошат зборови,во минатото играше за Пелистер, Металург, Силекс, Еуромилк. Инаку според најавите, раководството на Гостивар има намера да донесе барем уште две квалитетни имиња во летниот преоден рок.