Екипата на Гранада во голема мера си ги зголеми шансите да се пласира во фудбалска Европа летово, откако предмалку успеа да слави на гостински терен кај екипата на Реал Сосиедад со конечни 2:3.

Во меч кој изобилуваше со голови, гостите убаво заводеа со 0:2 преку головите на Пуертас и Солдадо во првиот дел, за да на стартот на второто полувреме Мерино по една корнер гужва намали на 1:2. Следуваше израмнување од страна на Ојаразабал во 83. минута и кога сите очекуваа реми, Дуарте во 83. минута погоди за ново водство на гостите и конечни 2:3.

Со ова Гранада го освои педесеттиот бод сезонава, само поен помалку токму од Реал Сосиедад кој во моментов е на седморо место последното кое води во квалификациите за Лигата на Европа.