Македонскиот репрезентативен голман им се врати на ренинзите на својот тим Јагиелонија откако неколку недели паузираше поради повреда на мускулот.

Истата не беше од така сериозен карактер се работеше за истегнување, но самиот Илиев рече дека не сака ништо да ризикува и дека ќе паузира онолку колку што докторите ќе му препорачаат.

Тој и натаму е дел од екипата на Јагиелонија, а секако како и секој преоден рок ќе треба да се консултира со неговиот матичен клуб Арсенал, дали и каде да продолжи за што поголема минутажа.