Денеска станаа познати и четирите натпреварувачки групи за новата сезона 2020/2021 во Еврокупот.

Вкупно 24. клубови учесници, кои доаѓаат од 15. различни држави од Европа  се најдоа во барабаните, односно групите на носители на ждрепката одржана во Барселона. Најнеизвесно ќе биде, се чини, во групата „А“ каде што се Уникс, Хувентуд и Партизан, а покрај нив тука се и Венеција, Бахчешехир и Бург.

Овие екипи поделени во четири групи по шест, ќе одиграат по десет мечеви (пет на домашен, и исто толку на гостински терен) во периодот од 30.септември до 16.декември.

По четири најдобри од секоја од групите ќе обезбеди пласман во ТОП 16 фазата. Односно нови четири групи, со по четири екипи, кои ќе одиграат уште шест натпревари во групната фаза која е предвидена да се реализира од 20.декември 2020, до 3.февруари 2021 година.

Четвртфиналната серија „подобар во три“ натпревари ќе се игра во периодот од 2. до 10.март, а полуфиналните серии се на програмата од 16. до 24. март. Големото финале пак е закажано за периодот од 6. до 14.април.

ГРУПА А: Уникс, Хувентуд, Партизан, Венеција, Бахчешехир, Бург

ГРУПА Б: Уникаха, Будуќност, Макаби Ришон Ле Зион, Бреша, Улм Ратиофарм, Булоњ

ГРУПА Ц: Локомотив Кубан, Морабанк Андора, Лиеткабелис, Виртус Болоња, Монако, Остенде

ГРУПА Д: Промитеас Патра, Гран Канарија, Тренто, Цедевита Олимпија, Бурсаспор, Нантер 92