Повредата на коленото на Џордан Хендерсон, капитенот на Ливерпул, и не е така наивна како што во прв момент се мислеше. Тој на средбата со Брајтон, во кој неговиот тим победи со 3:1, се повреди, а денеска Јирген Клоп, стратегот на “редси“, изјави дека сезоната за капитенот е готова.

Добра вест е тоа што не треба да се оди на операција.

Не е сјајно, но тоа е најдоброто што денеска можевме да го чуеме за Хендерсон. Навистина беше грозно кога падна на теренот, но Хендо е животно, тој постојано се бори. Во тој момент знаевме дека нешто не е добро, и тоа ни ја утепа добрата атмосфера по победата. Веднаш да кажам, без разлика на се, Хендо на 22 јули на мечот со Челзи ќе го подигне шампионскиот пехар во Премиер лигата. Тој го заслужи тоа“ изјави Клоп.