Нани, еден од најдобрите португалски фудбалери во последните две децении, имал тежок животен пат за да стигне до ѕвездите. Посебно тешко му било во детството, кога живеел во голема сиромаштија. Некогашната голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед, но и на уште неколку познати европски клубови, имаше што да каже за времето кога бил дете…

Многу рано, уште како дете сфатив дека БОГ ме избрал мене да бидам познат фудбалер. Сепак, мојата приказна почнува со гладување. Во мојот дом живеев со мајка ми и уште осум браќа и сестри. Во домот имаше дупки, и од нив постојано излегуваа глувци и гуштери. Немавме што да јадеме, постојано се боревме за да преживееме. Мене стомакот ми “врескаше“ од глад. Морам да кажам дека една средба ми ја промени мојата судбина. Еден ден додека игравме фудбал мојот брат влезе во една пицерија и побара да ни дадат пица, секако без пари, но тие кажаа дека немаат. Меѓутоа една жена тоа го видела и она ни купи пица, верувајте дека до ден денешен можам да го почувствувам тој прекрасен вкус на таа пица. Потоа таа иста жена, не виде дека играме фудбал, и не запозна со никој друг туку со Марко Аурелио. И така барајќи пица дојдовме до славниот Спортинг, потоа се беше историја“ изјавил Нани.