Иако минаа дури шест години од тој настан, сепак тој е приажуван во повеќе наврати, тоа е една од најневеројатните приказни за Стивен Џерард, легендарниот капитен на Ливерпул.

Свој коментар има докторот на “редси“ Енди Мејс, кој во 2014 година само што бил назначен за главен во лекарскиот тим на клубот од “Енфилд“.

Тоа беше по мечот со Борнмут во ФА Купот, дојде во соблекувалната Стиви и ми рече дека има проблем. Крв течеше низ неговите нозе и ми покажа дека неговиот орган, односно пенисот е повреден. Мораше да се изврши шиење и тоа под итно. Се најдов во проблем, никогаш таа работа не бев дотогаш ја оперирал, и се обидов да се сетам на се она што учев некогаш. Ги избркав сите играчи од соблекувалната, и почна операцијата, ставив неколку конци, и се се заврши најдобро. Може да се каже дека јас му го спасив пенисот на нашиот легендарен капитен. Потоа играчите се потсмеваа со неговата повреда, но секако дека не беше баш за смеење“ изјави Мејс.