Во Ц. Ѕвезда нови четири лица, од стручниот штаб и од играчите, имињата се кријат, се заразени од коронавирусот. Тоа е голем удар за тренерот Дејан Станковиќ кој утре планира да ги стартува подготовките, прво на “Маракана“ а потоа ќе ја однесе екипата на подготовки во Дивчибаре. Интересно е тоа што тие што досега беа “фатени“ од Ковид-19, а ги имаше доста и тоа на чело со генералниот директор Ѕвездан Терзиќ, сега се негативни, и затоа загрижува податокот за новите четворица “позитивни“.