Куманово се засили со Александар Андрејевиќ, кошаркарот кој практично се враќа во овој тим во кој беше во 2016 година.

Последниот ангажман во нашата земја го имаше во 2018/2019 кога настапуваше за Охрид. Претходно беше дел од Струмица и во Пелистер.

Андрејевиќ ќе биде еден од највисоките кошаркари со своите 212 сантиметри, и е петто засилување кое доаѓа во редовите на Куманово.