Прославениот фудбалер на Јувентус, а сега во улога на потпретседател на тимот Павел Недвед, ја коментираше ждрепката. Доколку Јуве го мине Лион, ќе се сретне со подобриот од Манчестер Сити – Реал Мадрид.

„Прво мораме да го минеме Лион, а после ќе размислуваме за четвртфиалето. Сметам дека Реал Мадрид и Манчестер Сити се најсериозни кандидати за освојување на Лигата на шампионите“, рече Недвед.

Манчестер Сити има предност од гостувањето во Мадрид со 1:2 пред реваншот, додека Јуве ќе мора да брка негатива од 1:0 против Лион.