Она што се претпоставуваше, денеска е и официјализирано. Манчестер Сити и дефинитивно на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите ќе мора да игра без својот прв “снајпер“, без Серхио Агуеро. Аргентинецот се уште не може да заздрави по операцијата на менискусот.

Ова денеска јавно го кажа и Пеп Гвардиола, стратегот на “граѓаните“…

Не, во неколку наврати кажав, еве и денеска и дефинитивно ќе го кажам тоа што не ми се допаѓа. А тоа е дека на мечот со Реал не ќе можам да сметам на Агуеро. Што се однесува до самиот меч мораме по секоја цена да бидеме фокусирани. Ако уште сега мислиме на 1/4 финалето, бидете уверени дека “кралевите“ ќе не елиминираат. Јас најдобро знам како игра Реал, што може да ти направи, каде е најопасен. Затоа им порачувам на сите во нашиот клуб дека треба да бидеме фокусирани“ изјави Пеп.