И дефинитивно утре попладне нема да има фудбал во Ѓорче, кога требаше да се одигра првиот пријателски меч ова лето меѓу два наши прволигашки клубови. Имено поради Ковид-19 кој “влезе“ во клубот од Ѓорче, раководствата на Македонија ЃП и Работнички се одлучија да го откажат овој пријателски натпревар.

Штета, ако се знае дека се откажаа баражите за пополнување на двете втори лиги, овој пријателски меч меѓу “лавовите“ и “романтичарите“ требаше да биде прв, па макар и пријателски, кој ќе се играше по корона паузата.

Од друга страна засега нема знаци дека ќе се откаже пријателската меѓу Пелистер и Борец во Битола, која исто е закажана за утре.