Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо, ги коментираше изјавите на претседателот на Барселона, Бартомеу дека ВАР им помага на одредени клубови, односно дека им помага на Реал Мадрид.

„Не се согласувам дека проблемот на Барселона е ВАР, туку нивната игра. Не сум согласен дека ВАР им помага на Реал Мадрид. Основата е тоа што отсуствува желба за фудбал. Барселона слабо игра“, рече Ривалдо.