Иако се очекуваше истата да биде обезбедена со повеќе голови разлика сепак победа си е победа, па Стефан Ристовски и неговиот Спортинг Лисабон можат вечерва мирно да спијат затоа што се обезбедени три бода против тимот на Санта Клара од минимални 1:0.
Со голот на Кабрал во 67. минута од мечот, домашните дојдоа до посакуваната предност и потоа истата ја задражаа до крајот на мечот.

Стефан Ристовски сосема очекувано беше во стартниот состав и го одигра целиот меч, а Спортинг и натаму е трет на табелата, место кое води во Лигата на Европа.