⚠️Морам да напоменам дека има повеќе причини за моето приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ. Една од причините е дека со претседателот, Христијан Мицкоски имаме ист поглед кон спортот и кон тоа како треба да изгледа едно здраво и модерно општество.

⚠️Сакам да истакнам дека начинот и принципот по кој ќе се водиме ќе биде под логото “спортот на спортистите.

Во текот на предизборните денови кон политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ се приклучија многу спортски имиња. Еден од нив е македонскиот репрезентативец и член на РК Вардар, Борко Ристовски. Искусниот голман открива дел од плановите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ за развој на спортот за периодот од 2020 до 2024 година.

*Која беше причината поради која се одлучивте да се приклучивте на ВМРО ДПМНЕ?

„Интересно прашање. Морам да напоменам дека има повеќе причини за моето приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ. Една од причините е дека со претседателот Христијан Мицкоски имаме ист поглед кон спортот, и кон тоа како треба да изгледа едно здраво и модерно општество. Мораме да го вратиме спортот на спортистите, да изградиме спортско општество во кое единствени параметри за успех ќе бидат квалитетот, чесноста и љубовта кон својот народ и држава“.

*Колку вашата партија обрнува внимание на спортот?

„Меѓу другото кое го набројав погоре, причина повеќе за моето приклучување и прифаќање на сериозна задача, како што е советник на претседателот Христијан Мицкоски за спорт е токму неговата определба, но и на целото раководство, спортот да биде еден од носечките столбови на нашето општество. Ве уверувам дека имаме сеопфатна програма за спорт со која планираме да ги вратиме спортистите на местото кое го заслужуваат, а тоа е на врвот. Сакам да истакнам дека начинот и принципот по кој ќе се водиме ќе биде под логото “спортот на спортистите”. Верувам дека кажав доволно за да ја отворам темава, но сите кои што ме познаваат, знаат дека сум темелен и секој збор што ќе биде ветен во програмата ќе биде исполнет“.

*На кои спортски проекти ќе се фокусирате во следните четири години?

„Видете.. спортот е комплетно руиниран и апсолутно запоставен во последниве неколку години. Јас не се сеќавам на било каков успех, ако ги изземеме успехот на РК Вардар и ракометната репрезентација. Затоа најпрво мора да си ги средиме домашните задачи, да го исчистиме спортот од спортските профитери и да тргнеме од нула. Ќе набројам само неколку проекти кои ќе бидат носечки. Како една финасиска консолидација и огромна помош е таканаречениот “спортски денар”. Спортскиот денар значи дополнителни 13-15 милиони евра кој ќе се одвојуваат од акцизата од малопродажбата на нафтени деривати. Тоа е сериозна дополнителна инвестиција во спортот, но што е уште поважно овие средства ќе бидат правилно и цесно распределени, а единствен критериум ќе бидат успехот и квалитетот.

Друг сериозен проект е изградбата на македонски национален спортски центар во кој ќе бидат опфатено комплетно сите спортови, за кои ќе направиме спортска стратегија, кон која и ќе целиме. Но, ве уверувам дека ќе биде буквално дом на сите национални репрезентации и спортисти. Ова се само мал дел од работитите кој што се планирани, а убеден сум и дека после 15 ти ќе се тргне и во нивна реализација“.

*Што претставува за вас спортскиот денар?

„Како што кажав погоре “спортскиот денар” е нешто со кое што мора и треба да сме горди, затоа што успеавме да вбризгаме дополнителни сериозни финансиски средства во спортот, кои ќе бидат од огромна помош на спортот и ќе остават простор за пренаменувањето на основниот буџет во проекти кои што ќе се од помош на професионалниот спорт и индивидуалните спортисти, нешто на кое ќе ставиме огромен акцент во иднина“.

*Каде ја гледате Македонија на спортски план за четирти години?

„Морам да кажам дека сум искрено разочаран во каква ситуација се наоѓа спортот во Македонија. Не чека многу работа многу, откажувања…жртва. Но, сигурен сум дека ќе успееме да го вратиме спортот на врвот од нашето општество. Сакам да ја видам Македонија учесник на големи натпреварувања ..рамо до рамо со големите веле сили. Да видиме што повеќе претставници на Олимпијадите … место каде што квалитетот и успехот ќе бидат ценети и вреднувани. Само така можеме и мораме да градиме спортска нација. Сигурен сум дека имаме тим и што е уште поважно решителност за такво нешто“.