Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска Саломон Калу ја напушти Херта и веднаш најде нов клуб. Реши да игра на друг континент, во Јужна Америка поточно во славниот бразилски клуб Ботафого. Тој потпиша договор до крајот на 2021 година.
34-годишниот Калу освен за Херта играше за холандските Феенорд и Ексцелзиор, потоа за француски Лил, па за англискиот Челзи. Инаку африканскиот фудбалер оваа сезона малку играше за Херта, а плус беше суспендиран поради непочитување на карантинот и препораките за социјално дистанцирање за време на КОВИД-19.