Малку недостигаше младиот 22-годишен американски спринтер Ноа Лајлс да влезе во историјата. Имено на “Игрите на Инспирација“, истрчал, верувале или не, 18.90 секунди на 200 метри. Јасно е дека тоа е нов светски рекорд, ако се знае дека Јусеин Болт го држи рекордот со 19.19 секунди.

По трката сите биле во шок, го премерувале времето, кои и натаму го давало 18.90, дури потоа заклучиле дека Лајлс всушност истрчал само 185 метри, а не 200 како и останатите. Организаторот погрешил, го ставил на погрешна патека кој не криеше дека е гневен на се она што му се случило.

Не можете да си играте со моите емоции, ме ставивте во погрешна патека“ пиша на Твитер младиот спринтер.