Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не сакаше да ја коментира ждрепката за Лигата на шампионите денеска. Ако Барселона ја совлада екипата на Наполи, ќе оди на подобриот од дуелот Баерн Минхен – Челзи, односно тоа ќе биде Баерн, кој по првиот меч во Лондон има предност од 0:3.

„Ждрепката? Прво треба да го минеме Наполи, па потоа ќе коментирам“, рече Сетиен.

Првиот дуел во Неапол заврши 1:1, а сега следува реванш на „Камп-Ноу“.