Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, ја поништи казната на грчкиот клуб ПАОК, и со тоа на клубот од Солун му се вратени тие седум бодови кои му ги одзема ФС на Грција. Овој случај повторно е вратен во рацете на грчкиот фудбалски сојуз.

Да потсетиме дека ПАОК беше казнет со одземање на седум бодови поради сомнителни “игри“ со екипата на Ксанти, односно дека газдата на солунскиот клуб имал удел и во тимот од Ксанти. На ова Олимпијакос се жалеше на благата казна за ПАОК, а бараше Ксанти да се исфрли во Втора лига.

Сега, откако ЦАС ја поништи казната, ПАОК се врати на втората позиција на табелата, и има добри шанси да заврши таму и да игра во квалификациите од ЛШ од второто коло.

Интересно ЦАС не му ги врати бодовите на Ксанти, образложението е дека овој клуб не се жалел.