Додека трае паузата, СЕХА-лига продолжува да ги анимира вљубениците во ракометната игра. Фановите на ова натпреварување имаа шанса да гласаат за најомилениот играч со дрес број 31.

Победник во оваа анкета беше Тимур Дибиров, а за конкуренти ги имаше Симон Разгор (Мешков Брест), Страхиња Станковиќ (Војводина) и Блаж Благотиншек (Веспрем).