Холанѓанецот Макс Верстапен денеска имаше најдобро време на вториот тренинг од трката за големата награда на Австрија која се вози викендов која е во рамнките на тековниот шампионат на Формула 1.

Следен според брзината на извозениот круг беше минатогодишниот победник на оваа трка финецот Валтериј Ботас, додека пак трет беше Серхио Перес.

Со оглед на прогнозите за утрешниот ден што се однесува до времето, овој тренинг може да има голема важност. Односно доколку има обилни врнежи можно е да има откажување на главниот тренинг и да се рангираат возачите по денешниот редослед.

Тоа ќе биде лошо за актуелниот бранитеч на титулата Луис Хамилтон кој денеска беше шести.