Црвена Звезда донесе искусен и квалитетен напаѓач во своите редови за наредната сезона. Се работи за Александар Катаи кој се враќа на „Маракана“ откако се раздели со Лос Анџелес Галакси.

Според информациите Катаи денеска ќе стави потпис на договорот со шампионот на Србија, а ќе има годишна заработка од 480.000 евра, а само за потпис ќе добие 100.000 евра. Во договорот ќе има и разни бонуси за пласман во ЛШ, за титула…

Катаи играше две сезони за црвено-белите, од 2014 до 2015 и беше миленик на навивачите. Играше уште за Војводина, Алавес, Чикаго Фајр, а за Галакси одигра само неколку натпревари. За српската репрезентација одигра девет натпревари.