Како што информираат од канцеларијата на Шкендија, тетовскиот прволигаш и дефинитивно ги договори контролните натпревари за ова лето во пресрет на стартот на 2020/2021 сезоната во ПМФЛ.

Па така првиот спаринг партнер ќе биде составот на Вардар, ама оној од Форино. Овој натпревар ќе се игра во недела и тоа на стадионот во Форино. Потоа следува контролата со Гостивар на гости и тоа на 16 јули. Три дена подоцна, во Маврово, момците на стратегот Ернест Ѓока за спаринг партнер ја имаат екипата на Македонија ЃП. На 24 јули Шкендија ќе ги одмери силите со Работнички, тоа ќе биде единствен меч кој ќе се игра во Тетово. Додека “генералката“ на 1 август ќе биде во Штип, против Брегалница.