Барселона ги однесе бодовите од гостувањето кај Ваљадолид во 36. коло на шпанската Ла Лига. Еден гол беше доволен за победа. Во 15. минута на асистенција на Лео Меси во позиција се најде Артуро Видал кој со силен шут по земја го погоди голот. Барселона со тој погодок го победи противникот и ги однесе бодовите. Лео Меси ја запиша 20. асистенција сезонава во Ла Лига, толку остварил само Чави во сезоната 2008/09.

Во 19 минута Барса имаше одлична шанса за удвојување на водството но Гризман не погоди од идеална ситуација.

Гризман со овој потег покажа дека е во очајна форма (видео)

Standings provided by SofaScore LiveScore