После неочекуваниот пораз од Сасуоло на домашен терен (1:2), играчите на Лацио имале жестоки пресметки во соблекувалната, пишува „Спорт Медиасет“. Лацио се бореше за титула до пред некоја недела, а потоа стигнаа неколку киксови кои го исфрлија од колосек. После новиот шокантен неуспех, играчите на Лацио имале бурни моменти во соблекувалните на „Олимпико“.

Франческо Ачерби  бил најгласен затоа што се обидел да се пресмета со главниот доктор Иво Пулцини но и со неколку членови на лекарскиот тим. Прво кавгата почнала усно, а потоа Ачерби сакал физички да се пресмета со докотор, па некои играчи на римскиот клуб го спречиле.

Ачерби наводно бил бесен поради честите повреди кои ги „осакатите“ играчите на Лацио во последните денови кои се одразија на резултатите. Тој го обвинил докотор за лошата работа и за погрешните терапии и совети за време на карантинот но и откако играчите се вратиле на тренинзи.

А имало и расправија меѓу фудбалерите. Тие се обвинувале меѓу себе за тоа дека не го давале максимумот на теренот.