Иако навива за Манчестер Јунајтед, Тони Вард добро ќе се „опари“ од титулата на Ливерпул. Тој пред почетокот на сезоната вложил дека „црвените“ ќе го подигнат големиот пехар. Наследил од баба му 55 илјади фунти, и сите ги дал за титула на Ливерпул.

„Ливерпул ми изгледаше како тим кој може да дојде до титулата. Планирам да ги потрошам парите дел за добар одмор, а дел ќе го задржам“, рече Вард кој со ова обложување доби 91 илјади фунти.

Признава дека бил загрижен дека сезоната ќе ја прекинат поради пандемијата со коронавирусот.

„Ливерпул беше сигурен, му требаа уште шест бодови и нормално ќе беше нефер доколку ја откажеа сезоната, а мене само да ми ги вратат парите кои ги уплатив“, рече Вард.